ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА SPORT&BONUS ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ
https://www.sportandbonus.com/mk/
Во оваа Политика за заштита на личните податоци, ве информираме за обработката на вашите лични податоци во врска со вашето вклучување и учество во SPORT&BONUS програмата за лојалност.
- 1. Одговорност за заштита на податоците
- 2. Лични податоци
- 2.1 Лични податоци и податоци за статусот
- 2.2 SPORT&BONUS број на картичка
- 2.3 Податоци кои се обработуваат за SPORT&BONUS програмата за лојалност
- 3. Правни основи и цели на обработката
- 3.1 Согласност за обработка на личните податоци
- 3.2 Легитимни интереси - балансирање на интересите
- 3.3 Исполнување на законска обврска
- 4. Безбедност на податоците
- 5. Период на чување
- 6. Обработувачи
- 7. Вашите права како субјект на личните податоци
- 7.1 Права на членовите на Sport&Bonus програмата за лојалност
- 7.2 Право на приговор според член 25 од ЗЗЛП
- 7.3 Надлежен надзорен орган за заштита на личните податоци
- 8. Офицер за заштита на личните податоци
1 Одговорност за заштита на податоците
Иницијатор на SPORT&BONUS програмата за лојалност и издавач на SPORT&BONUS картичката за лојалност е Спорт Висион ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Перо Наков’’ бр.122 а, Скопје ( во натамошниот текст „Sport Vision“).
Sport Vision е контролор на личните податоци кои се обработуваат во рамки на SPORT&BONUS програмата за лојалност, а согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП).
2. Лични податоци
2.1 Лични податоци и податоци за статусот
Со цел да ви овозможиме членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност, ние ги обработуваме Вашите лични податоци кои ги собираме преку формуларот за зачленување во програмата за лојалност во хартиена форма или преку мобилен телефон. Овие податоци се однесуваат на Вашето име и презиме телефонски број и е-маил адреса.
Вие сте одговорни за вистинитоста и точноста на податоците наведени во формуларот поврзани со употреба на картичката.
Податокот за денот, месецот и годината на раѓање се незадолжителни лични податоци и ги користиме единствено за да Ви честитаме роденден или да Ви приредиме роденденско изненадување.
Со цел да управуваме со статусот на Вашата SPORT&BONUS картичка за лојалност, ние ги собираме и чуваме податоци кои се потребни за управување со ваквиот статус, како на пример вид на статусот, број на членство, број на картичка, остварен попуст.
2.2 SPORT&BONUS број на картичка
Доколку сакате да користите одредени поволности, промоции и бонуси, Sport Vision на ваше барање ќе Ви отвори профил и ќе изработи картичка за лојалност. Член на SPORT&BONUS програмата за лојалност може да биде физичко лице кое има навршени 18 години. Со издавањето на картичката за лојалност Вие станувате член на SPORT&BONUS програмата за лојалност и може да ги користите сите поволности од програмата. На картичката е отпечатен Вашиот број за идентификација. Овој број е всушност бројот на вашата картичка. Бројот на картичката, го поврзуваме со останатите Ваши лични податоци, па оттука преставува личен податок во нашата евиденција и преку истиот Ве идентификуваме како наш член.
Овој единствен идентификациски број е генериран исклучиво од системот и се користи во процесот на идентификација. Ако ја изгубите Вашата картичка, ова исто така ни овозможува да го блокираме бројот на Вашата картичка.
2.3 Податоци кои се обработуваат за SPORT&BONUS програмата за лојалност
За да добиете поени или за да искористите некоја од поволностите од програмата, треба пред плаќањето да ја покажете картичката на персоналот на Sport Vision или партнерите на програмата кај кој се извршува трансакцијата.
Кога заработувате поени, сите информации што се однесуваат на Вашата нарачка (купените производи) се обработуваат како податоци за SPORT&BONUS програмата за лојалност, особено:
- назив на артиклот и шифрата,
- цената (износот),
- производителот,
- количината,
- износот за плаќање,
- времето на купување (датум и част),
- каде е направена трансакцијата (продавница),
- остварени поени од секоја трансакција
- вкупен број на поени,
- вкупен број на поени,
- бонус (денари),
- резервиран бонус (денари),
- статус на картичката
- број на картичката,
- информации за купоните,
- дозволен број на користења,
- преостанато
- искористено,
- важи од-до,
- активно.
Вашата картичка за лојалност останува во сопственост на Sport Vision. Вие сте одговорни за безбедноста на вашата картичка за лојалност. Не треба да ја споделувате картичката со други лица. Ако ја изгубите картичката за лојалност или мислите дека е украдена, Ве молиме блокирајте ја картичката во било која од нашите продажни места или пријавете во бесплатниот Центар за повици во рок од 24 часа од моментот на отуѓување на картичката, по што картичката ќе биде блокирана за да се спречи нејзина злоупотреба.
Освоените поени се лични и не можат да се пренесат на други лица.
Ако дадете согласност, податоците опишани погоре може да се користат и за рекламни цели (подетални информации за ова може да најдете во Политиката за директен маркетинг на Sport Vision и точка 6 од Политиката за приватност на Sport Vision).
2.4 Други податоци
Кога ја користите нашата веб страница, апликација или друг медиум за комуникација, како што е е-маил адресата, ние исто така ги обработуваме Вашите податоци како што е опишано во „Политика за приватност“ на веб-страниците Sport Vision и Sport Reality.
Кога комуницирате со нашите сервисни центри, ние исто така ги обработуваме податоците што ни ги давате со цел да постапиме по Вашето барање и да ги подобриме нашите услуги.
3. Правни основи и цели на обработката
3.1 Согласност за обработка на личните податоци
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци, т.е. основните лични податоци и податоците за програмата за лојалност и статусот на Вашата картичка, врз основа на Ваша согласност, согласно членот 10 став (1) алинеја 1 од ЗЗЛП, за следните цели:
- да ја обработиме пријавата за членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност и други информации поврзани со картичката,
- да ви овозможиме да заработувате поени и да ги искористите Вашите бонуси,
- да ни овозможите да проверуваме дали кога заработувате поени, истите точно се евидентираат, дали правилно се пресметуваат бонусите и дали се евидентира промената на бонусите и искористените поени.
- да ви испратиме други информации поврзани со вашето членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност и да одговориме на вашите прашања поврзани со членството.
Вие имате право да ја повлечете согласноста за обработка на Вашите лични податоци за членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност во секое време со пополнување на нашиот образец за повлекување на согласноста и негово доставување во која било од нашите аптеки.
Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката, заснована на дадената согласност од Ваша страна пред нејзиното повлекување.
3.2 Легитимни интереси - балансирање на интересите
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци и за да ги заштитиме нашите легитимни интереси, по внимателно балансирање на нашите легитимни интереси со Вашето право на приватност, согласно со членот 10 став (1) алинеја 6 од ЗЗЛП, за следните цели:
- спроведување на правни побарувања и одбрана во случај на правни спорови (легитимен интерес на SPORT&BONUS за правна одбрана и спроведување на законот),
- администрирање, понатамошно развивање и пласирање на „SPORT&BONUS КАРТИЧКА ЗА ЛОЈАЛНОСТ“ (интерес на SPORT&BONUS за постојан развој на програмата),
- анализа на податоците и подготовка на статистички податоци за подобрување на производите и услугите (интерес на SPORT&BONUS за постојан развој на програмата),
- ИТ безбедност (интерес на SPORT&BONUS за безбедноста на информацискиот систем),
- проверка и спречување на измама (интерес на SPORT&BONUS за заштита од материјална или нематеријална штета).
3.3 Исполнување на законска обврска
Ние сме должни да ги почитуваме законски пропишаните рокови за чување на податоците за цели на оданочување и платен промет. Понатаму, во одделни случаи, ние сме исто така должни да соработуваме со разни државни органи (Управа за јавни приходи и органи за спроведување на законот). Законска основа за оваа обработка е членот 10 став (1) алинеја 3 од ЗЗЛП (исполнување на законска обврска).
4. Безбедност на податоците
Ние применуваме технички и организациски мерки за да ги заштитиме личните податоци што ги обработуваме од случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или неовластен пристап до истите. пренесените, зачуваните или на друг начин обработени лични податоци. Нашите безбедносни мерки постојано се подобруваат како што се развива новата технологија.
Вашите лични податоци ги чуваме на сервери во:
https://www.hetzner.com/
Период на чување
Членството во програмата за лојалност на SPORT&BONUS е на неопределено време и личните податоци ќе се чуваат се до повлекувањето на Вашата согласност за членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност или до завршување на програмата за лојалност.
Важноста на картичката престанува во моментот кога Sport Vision ќе добие известување за откажување и враќање на картичката и истиот е должен да ги избрише податоците за корисникот од базата на податоци. Доколку корисникот на програмата од технички причини не може да го реализира својот бенефит, може да се обрати до Центарот за повици со повик на (02) 3055 222. Секое неовластено копирање, умножување или злоупотреба на картичката ќе биде санкционирано во согласност со законските прописи.
Доколку не ја користите картичката повеќе од две години (2 години од последната трансакција), ќе сметаме дека како имател на картичката, сте ја повлекле согласноста за учество во програмата за лојалност и Вашите личните податоци кои се собрани за оваа цел ќе бидат избришани.
5. Обработувачи
За да можеме да ви ги понудиме нашите производи и услуги, ние користиме услуги од неколку даватели на услуги (давател на ИТ услуги) кои се обработувачи на личните податоци во согласност со членот 32 од ЗЗЛП. Овие даватели на услуги се внимателно избрани и работат исклучиво според наши упатства. Тие обезбедуваат доволно гаранции за усогласеност на нивното работење со обврските од ЗЗЛП.
6. Вашите права како субјект на личните податоци
6.1 Права на членовите на SPORT&BONUS програмата за лојалност
Како субјект на личните податоци, можете да ги користите следниве права кога постојат соодветни законски услови:
- Право на пристап, член 19 од ЗЗЛП
- Право на исправка, член 20 од ЗЗЛП
- Право на бришење („право да се биде заборавен“), член 21 од ЗЗЛП
- Право на ограничување на обработката, член 22 од ЗЗЛП
- Право на преносливост на податоците, член 24 од ЗЗЛП
- Право на приговор, член 25 од ЗЗЛП
За да ги остварите Вашите права, може да ги користите нашите обрасци на барања за остварување на права. За да можеме да го обработиме Вашето барање и да ве идентификуваме, имајте предвид дека ќе ги користиме Вашите лични податоци во согласност со членот 10 став (1) алинеја 3 од ЗЗЛП.
Ажурирајте ги Вашите лични податоци веднаш откако ќе се појават какви било промени (на пример, промена на Вашата адреса на живеење, е-маил адреса или телефонски број), преку Вашиот електронски кориснички налог.
Покрај ова, како корисник на програмата имате право да го откажете Вашето членство во програмата како и право преку повикување на бесплатниот Центар за повици или со испраќање на е-маил на info@sportandbonus.mk да се откажете од користење на картичката со враќање на картичката до Sport Vision.
6.2 Право на приговор според член 25 од ЗЗЛП
Во зависност од конкретната ситуација, имате право да поднесете приговор за обрботката на Вашите лични податоци врз основа на член 10 став (1) алинеја 4 или 6 од ЗЗЛП во кое било време.
Ние повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци, освен ако докажеме дека постојат релевантни легитимни интереси за обработката, кои преовладуваат над Вашите интереси, права и слободи, или за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања.
Може да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци во секое време, како што е опишано во точката 6 од оваа политика.
6.3 Надлежен надзорен орган за заштита на личните податоци
Агенцијата за заштита на личните податоци е надлежен надзорен орган за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
Телефон: 389 2 323 0635
Е-маил: info@privacy.mk
Доколку сметате дека сме ги прекршиле одредбите од ЗЗЛП, имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, согласно член 97 од ЗЗЛП.
7. Офицери за заштита на личните податоци
Име и презиме: Кристина Тодоровска и Ѓоко Атанасов
Адреса: ул. „Перо Наков“ бр. 122А Скопје
Е-маил: svzlp@sportvision.mk
Телефон: (+389) 2 3090 082