Почитувани,
направена е промена на правилата на програмата,
истите се важечки од 03.11.2025.
Покажете ја Вашата sport&bonus картичка при секое купување и веднаш остварете право на попуст на следното купување.
Во повеќе од 25 продавници партнери на програмата побарајте ги производите кои секој ден се намалени само со sport&bonus картичката.
Побарајте ги производите за кои при купување со sport&bonus картичката можете да добиете вредни подароци.
Побарајте ги производите со кои може да добиете мега бонус на Вашето следно купување.
Побарајте ги производите со кои може да добиете мега бонус на Вашето следно купување.
Колку повеќе купуваш – поголем бонус остваруваш!
Колку повеќе купуваш – поголем бонус остваруваш!
Специјални понуди, добивајте први информации за намалувања, роденденски изненадувања...
При купување во продавница на партнерите на програмата покажете го бар кодот од мобилниот телефон.
Неопходни - Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно.
Трајни - Овие колачиња обично имаат датум на истек во иднина и ќе останат во вашиот пребарувач додека не истечат, или додека не ги избришете рачно. Ние користиме трајни колачиња за функционалност, како што се "Останете најавени" tickbox, што го олеснува пристапот на корисникот како регистриран корисник. Исто така, користиме трајни колачиња за подобро разбирање на навиките на корисникот, за да можеме да ја подобриме веб страницата според вашите навики. Оваа информација е анонимна – не ги гледаме поединечните кориснички податоци. Колачето што се користи е site_cookie_info и се чува една година.
Статистички - Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците.
Маркетинг - Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Тие се користат за прикажување на соодветни реклами за корисниците и нивно поттикнување да учествуваат, што е важно за издавачите и за рекламирањето на трети лица. Sport Reality користи Google Analytics колачиња ads/ga-audiences и collect, и Facebook колачиња.

Јавете ни се
Чести прашања
Pomerite tabelu
| Име | Адреса | Мобилен | |
| ПРОДАВНИЦИ ВО СКОПЈЕ | |||
| Nike Shop - Скопје Сити Мол | Ул. Љубљанска бр.4 - лок.206А - Сити Мол Скопје | nikeshop@sportvision.mk | (+389) 75 411 123 |
| Nike Shop - Скопје Ист Гејт | Ул. Беласица бр.2 лок.к1.12/Е - Ист Гејт Скопје | nikeshop@sportvision.mk | (+389) 75 405 472 |
| Nike Outlet - Скопје | Ул. Кирo Глигоров 4А | nikeshop@sportvision.mk | (+389) 70 356 314 |
Почитувани корисници, направена е промена на правилата на Sport&Bonus програмата за лојалност.
За повеќе информации можете да прочитате во Правила на програмата.
Pomerite tabelu
| Име | Адреса | Мобилен | |
| ПРОДАВНИЦИ ВО СКОПЈЕ | |||
| Sport Vision 1 - Скопје Сити Мол | Љубљанска Бр.4 - 2 кат - Скопје Сити Мол | sportvision1@sportvision.mk | 38976344101 |
| Sport Vision 2 - KIDS, Скопје Сити Мол | Љубљанска Бр.4 - кат 2 / локал 314А - ТЦ Сити Мол | sportvision2@sportvision.mk | 38976311031 |
| Sport Vision 3 - Дијамонд Мол Скопје | Јордан Мијалков бр.31 - Дијамонд Мол | sportvision3@sportvision.mk | 38976311032 |
| Sport Vision 8 - Капитол Мол | Булевар Јане Сандански бр.71А - Капитол Мол и Резиденс, лок.Ц3, кат 2 | sportvision8@sportvision.mk | 38976248240 |
| Sport Vision 11 - Рамстор Мол | Св. Кирил и Методиј бр.13 - лок.Ф15/Ф16/Ф17, ТЦ Рамстор | sportvision11@sportvision.mk | 38976248240 |
| Sport Vision 15 - ГОДИ Скопје | ГОДИ Ритејл Парк, ул. Перо Наков бр.108 - Скопје (Гази Баба) | sportvision15@sportvision.mk | 38970356315 |
| Sport Vision 19 - Ист Гејт Скопје | Беласица бр.2, лок.К1.08/E - Ист Гејт | sportvision19@sportvision.mk | 38975405467 |
| ПРОДАВНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА | |||
| Sport Vision 4 - Струмица | Братство Единство бр.63/ДП10 - Ритејл Парк Симбол | sportvision4@sportvision.mk | 38976311034 |
| Sport Vision 5 - Палма Мол Тетово | Скопски пат бр.8, лок.СВ167 - Палма Мол Тетово | sportvision5@sportvision.mk | 38976350561 |
| Sport Vision 7 - Битола | ул. Димитар Илиевски Мурато бр.2 лок.1 | sportvision7@sportvision.mk | 38976344100 |
| Sport Vision 9 - Штип Сити Мол | Д-р Слободан Јовановски - Штип Сити Мол | sportvision9@sportvision.mk | 38976339986 |
| Sport Vision 10 - Прилеп | Булевар Гоце Делчев 36Б | sportvision10@sportvision.mk | 38975411124 |
| Sport Vision 12 - Куманово | Моша Пијаде бр.14, лок.2 - ТЦ Сума | sportvision12@sportvision.mk | 38975268129 |
| Sport Vision 13 - Гостивар | Плоштад Маршал Тито бр.5 - ТЦ Импортане | sportvision13@sportvision.mk | 38971209576 |
| Sport Vision 17 - Струга | Маршал Тито бр.62 | sportvision17@sportvision.mk | 38971386481 |
| Sport Vision 18 - Охрид | Св. Климент Охридски бр.1 | sportvision18@sportvision.mk | 38971386514 |
| Sport Vision 20 - Блис Мол Битола | Илинденска 1Г / локал 11 - Блис Мол | sportvision20@sportvision.mk | 38975411124 |
| Sport Vision 21 - Перон Ритејл Парк Велес | Алексо Демниевски-Бауман бр.53 | sportvision21@sportvision.mk | 38975387775 |
Pomerite tabelu
| Назив | Адреса | Мобилен | |
| ПРОДАВНИЦИ ВО СКОПЈЕ | |||
| Buzz Shop - Скопје Сити Мол | ул. Љубљанска бр.4 - локал 316 - Сити Мол | skopjecitymall@buzzsneakers.mk | 38976252322 |
| Buzz Shop - Ист Гејт Скопје | ул. Беласица бр.2 - локал К1.11/Е А - Ист Гејт Скопје | eastgate@buzzsneakers.mk | 38975405468 |
| Buzz Shop - Дијамонд Мол Скопје | ул. Јордан Мијалков бр.31 - Дијамонд Мол | diamondmall@buzzsneakers.mk | 38975388970 |
| ПРОДАВНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА | |||
| Buzz Shop - Тетово Палма Мол | ул. Скопски пат бр.8 - Палма Мол Тетово | tetovopalmamall@buzzsneakers.mk | 38971228956 |
| Buzz Shop - Охрид | ул. Климентов Универзитет бр.48 | ohrid@buzzsneakers.mk | 38970363164 |
Pomerite tabelu
| Име | Адреса | Мобилен | |
| ПРОДАВНИЦИ ВО СКОПЈЕ | |||
| Sport Reality 1 - ГТЦ | ул. 11-ти Октомври бр.13 лок.6 ГТЦ приземје | sportreality@sportvision.mk | (+389) 70 390 028 |
| Sport Reality 13 - Скопје Сити Мол | Љубљанска бр.4 / 2 кат / лок. 326 ТЦ Сити Мол | sportreality@sportvision.mk | (+389) 70 404 257 |
| Sport Reality 15 - Скопје Ист Гејт | ул. Беласица 2 | sportreality@sportvision.mk | (+389) 75 405 469 |
| Sport Reality 17 - Дајмонд Мол Скопје | ул. Св. Кирил и Методиј бр.3 | sportreality@sportvision.mk | (+389) 75 387 780 |
| Sport Reality 18 - ГОДИ Скопје | ГОДИ Ритејл Парк, ул. Перо Наќов бр.108, Скопје - Гази Баба | sportreality@sportvision.mk | (+389) 76 311 031 |
| Sport Reality 19 - КаМол Скопје | ул. Ѓорче Петров бр.22 ТЦ Кам Ѓорче Петров | sportreality@sportvision.mk | (+389) 76 311 032 |
| Sport Reality 20 - Чаир Скопје | ул. Македонско - Косовска Бригада 1 бр.67 | sportreality@sportvision.mk | (+389) 72 305 832 |
| ПРОДАВНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА | |||
| Sport Reality 2 - Велес | ул. 8-ми Септември бр.40 | sportreality.veles@sportvision.mk | (+389) 70 383 865 |
| Sport Reality 3 - Струга | ул. Маршал Тито бр.101, ком. Рамо 2 | sportreality.struga@sportvision.mk | (+389) 70 338 166 |
| Sport Reality 5 - Кочани | ул. Стево Теодосиевски бр.23/4 | sportreality.kochani@sportvision.mk | (+389) 70 307 750 |
| Sport Reality 6 - Палма Мол Тетово | Скопски пат 8, ТЦ Палма Мол | sportreality.tetovo@sportvision.mk | (+389) 70 227 070 |
| Sport Reality 7 - Штип Сити Мол | ул. Др. Слободан Јовановски бр.2 | sportreality.stip@sportvision.mk | (+389) 70 217 314 |
| Sport Reality 8 - Охрид | Св. Климент Охридски бр.6 | sportreality.ohrid@sportvision.mk | (+389) 71 408 295 |
| Sport Reality 9 - Прилеп | ул. Гоце Делчев 12/4-/5-/6 | sportreality.prilep@sportvision.mk | (+389) 71 408 297 |
| Sport Reality 10 - Битола | ул. Маршал Тито 44а | sportreality.bitola@sportvision.mk | (+389) 72 265 763 |
| Sport Reality 11 - Кавадарци | ул. Охридска бр.1 | sportreality.kavadarci@sportvision.mk | (+389) 71 205 834 |
| Sport Reality 12 - Куманово | ул. Доне Божинов бр.1 | sportreality.kumanovo@sportvision.mk | (+389) 72 912 236 |
| Sport Reality 14 - Струмица | ул. Братство Единство бр.63/ДП9 | sportreality.strumica@sportvision.mk | (+389) 75 319 615 |
| Sport Reality 16 - Кичево | ул. 11-ти Октомври бр.76/1-6 | sportreality.kicevo@sportvision.mk | (+389) 70 363 141 |
Да, зачленувањето во програмата е потполно бесплатно за сите корисници.
Во програмата можете да се зачлените во продавница на партнерите на програмата со едноставно одговарање на неколку основни прашања на касиерот а самиот процес трае околу 2 минути.
Пластичната SPORT&BONUS картичка ја добивате веднаш во продавницата по зачленувањето!
Да, веднаш остварувате попуст на сметката.
Да, на потрошени 100 денари добивате 1 бод. Што повеќе бодови собирате толку поголем бонус добивате. Деталните информации ги имате во правилата на програмата.
Бонус со секоја сметка, производи намалени со SPORT&BONUS картичката, подароци при купување, специјални понуди.
Да, со секоја сметка со користење на SPORT&BONUS картичката добивата попуст на следното купување.
Не морате. Можете во 2 чекори да се регистрирате на www.sportandbonus.com и потоа преку својот мобилен телефон можете во продавница да го покажете својот личен бар код без притоа да ја отчитате пластичната картичка.
На сајтот ќе ги пополните сите неопходни податоци и потоа во било која продавница на партнерите на програмата ќе можете да ја подигнете својата SPORT&BONUS пластична картичка и да ги уживате бенефициите на програмата.
Одјавата од сервисот за СМС известувања можете да ја направите едноставно со внесување на вашиот телефонски број во link-от: www.unsub.mobi/sbmk
Во оваа Политика за заштита на личните податоци, ве информираме за обработката на вашите лични податоци во врска со вашето вклучување и учество во SPORT&BONUS програмата за лојалност.
1 Одговорност за заштита на податоците
Иницијатор на SPORT&BONUS програмата за лојалност и издавач на SPORT&BONUS картичката за лојалност е Спорт Висион ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Перо Наков’’ бр.122 а, Скопје ( во натамошниот текст „Sport Vision“).
Sport Vision е контролор на личните податоци кои се обработуваат во рамки на SPORT&BONUS програмата за лојалност, а согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП).
2. Лични податоци
2.1 Лични податоци и податоци за статусот
Со цел да ви овозможиме членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност, ние ги обработуваме Вашите лични податоци кои ги собираме преку формуларот за зачленување во програмата за лојалност во хартиена форма или преку мобилен телефон. Овие податоци се однесуваат на Вашето име и презиме телефонски број и е-маил адреса.
Вие сте одговорни за вистинитоста и точноста на податоците наведени во формуларот поврзани со употреба на картичката.
Податокот за денот, месецот и годината на раѓање се незадолжителни лични податоци и ги користиме единствено за да Ви честитаме роденден или да Ви приредиме роденденско изненадување.
Со цел да управуваме со статусот на Вашата SPORT&BONUS картичка за лојалност, ние ги собираме и чуваме податоци кои се потребни за управување со ваквиот статус, како на пример вид на статусот, број на членство, број на картичка, остварен попуст.
2.2 SPORT&BONUS број на картичка
Доколку сакате да користите одредени поволности, промоции и бонуси, Sport Vision на ваше барање ќе Ви отвори профил и ќе изработи картичка за лојалност. Член на SPORT&BONUS програмата за лојалност може да биде физичко лице кое има навршени 18 години. Со издавањето на картичката за лојалност Вие станувате член на SPORT&BONUS програмата за лојалност и може да ги користите сите поволности од програмата. На картичката е отпечатен Вашиот број за идентификација. Овој број е всушност бројот на вашата картичка. Бројот на картичката, го поврзуваме со останатите Ваши лични податоци, па оттука преставува личен податок во нашата евиденција и преку истиот Ве идентификуваме како наш член.
Овој единствен идентификациски број е генериран исклучиво од системот и се користи во процесот на идентификација. Ако ја изгубите Вашата картичка, ова исто така ни овозможува да го блокираме бројот на Вашата картичка.
2.3 Податоци кои се обработуваат за SPORT&BONUS програмата за лојалност
За да добиете поени или за да искористите некоја од поволностите од програмата, треба пред плаќањето да ја покажете картичката на персоналот на Sport Vision или партнерите на програмата кај кој се извршува трансакцијата.
Кога заработувате поени, сите информации што се однесуваат на Вашата нарачка (купените производи) се обработуваат како податоци за SPORT&BONUS програмата за лојалност, особено:
Вашата картичка за лојалност останува во сопственост на Sport Vision. Вие сте одговорни за безбедноста на вашата картичка за лојалност. Не треба да ја споделувате картичката со други лица. Ако ја изгубите картичката за лојалност или мислите дека е украдена, Ве молиме блокирајте ја картичката во било која од нашите продажни места или пријавете во бесплатниот Центар за повици во рок од 24 часа од моментот на отуѓување на картичката, по што картичката ќе биде блокирана за да се спречи нејзина злоупотреба.
Освоените поени се лични и не можат да се пренесат на други лица.
Ако дадете согласност, податоците опишани погоре може да се користат и за рекламни цели (подетални информации за ова може да најдете во Политиката за директен маркетинг на Sport Vision и точка 6 од Политиката за приватност на Sport Vision).
2.4 Други податоци
Кога ја користите нашата веб страница, апликација или друг медиум за комуникација, како што е е-маил адресата, ние исто така ги обработуваме Вашите податоци како што е опишано во „Политика за приватност“ на веб-страниците Sport Vision и Sport Reality.
Кога комуницирате со нашите сервисни центри, ние исто така ги обработуваме податоците што ни ги давате со цел да постапиме по Вашето барање и да ги подобриме нашите услуги.
3. Правни основи и цели на обработката
3.1 Согласност за обработка на личните податоци
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци, т.е. основните лични податоци и податоците за програмата за лојалност и статусот на Вашата картичка, врз основа на Ваша согласност, согласно членот 10 став (1) алинеја 1 од ЗЗЛП, за следните цели:
Вие имате право да ја повлечете согласноста за обработка на Вашите лични податоци за членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност во секое време со пополнување на нашиот образец за повлекување на согласноста и негово доставување во која било од нашите аптеки.
Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката, заснована на дадената согласност од Ваша страна пред нејзиното повлекување.
3.2 Легитимни интереси - балансирање на интересите
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци и за да ги заштитиме нашите легитимни интереси, по внимателно балансирање на нашите легитимни интереси со Вашето право на приватност, согласно со членот 10 став (1) алинеја 6 од ЗЗЛП, за следните цели:
3.3 Исполнување на законска обврска
Ние сме должни да ги почитуваме законски пропишаните рокови за чување на податоците за цели на оданочување и платен промет. Понатаму, во одделни случаи, ние сме исто така должни да соработуваме со разни државни органи (Управа за јавни приходи и органи за спроведување на законот). Законска основа за оваа обработка е членот 10 став (1) алинеја 3 од ЗЗЛП (исполнување на законска обврска).
4. Безбедност на податоците
Ние применуваме технички и организациски мерки за да ги заштитиме личните податоци што ги обработуваме од случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или неовластен пристап до истите. пренесените, зачуваните или на друг начин обработени лични податоци. Нашите безбедносни мерки постојано се подобруваат како што се развива новата технологија.
Вашите лични податоци ги чуваме на сервери во:
Период на чување
Членството во програмата за лојалност на SPORT&BONUS е на неопределено време и личните податоци ќе се чуваат се до повлекувањето на Вашата согласност за членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност или до завршување на програмата за лојалност.
Важноста на картичката престанува во моментот кога Sport Vision ќе добие известување за откажување и враќање на картичката и истиот е должен да ги избрише податоците за корисникот од базата на податоци. Доколку корисникот на програмата од технички причини не може да го реализира својот бенефит, може да се обрати до Центарот за повици со повик на (02) 3055 222. Секое неовластено копирање, умножување или злоупотреба на картичката ќе биде санкционирано во согласност со законските прописи.
Доколку не ја користите картичката повеќе од две години (2 години од последната трансакција), ќе сметаме дека како имател на картичката, сте ја повлекле согласноста за учество во програмата за лојалност и Вашите личните податоци кои се собрани за оваа цел ќе бидат избришани.
5. Обработувачи
За да можеме да ви ги понудиме нашите производи и услуги, ние користиме услуги од неколку даватели на услуги (давател на ИТ услуги) кои се обработувачи на личните податоци во согласност со членот 32 од ЗЗЛП. Овие даватели на услуги се внимателно избрани и работат исклучиво според наши упатства. Тие обезбедуваат доволно гаранции за усогласеност на нивното работење со обврските од ЗЗЛП.
6. Вашите права како субјект на личните податоци
6.1 Права на членовите на SPORT&BONUS програмата за лојалност
Како субјект на личните податоци, можете да ги користите следниве права кога постојат соодветни законски услови:
За да ги остварите Вашите права, може да ги користите нашите обрасци на барања за остварување на права. За да можеме да го обработиме Вашето барање и да ве идентификуваме, имајте предвид дека ќе ги користиме Вашите лични податоци во согласност со членот 10 став (1) алинеја 3 од ЗЗЛП.
Ажурирајте ги Вашите лични податоци веднаш откако ќе се појават какви било промени (на пример, промена на Вашата адреса на живеење, е-маил адреса или телефонски број), преку Вашиот електронски кориснички налог.
Покрај ова, како корисник на програмата имате право да го откажете Вашето членство во програмата како и право преку повикување на бесплатниот Центар за повици или со испраќање на е-маил на info@sportandbonus.mk да се откажете од користење на картичката со враќање на картичката до Sport Vision.
6.2 Право на приговор според член 25 од ЗЗЛП
Во зависност од конкретната ситуација, имате право да поднесете приговор за обрботката на Вашите лични податоци врз основа на член 10 став (1) алинеја 4 или 6 од ЗЗЛП во кое било време.
Ние повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци, освен ако докажеме дека постојат релевантни легитимни интереси за обработката, кои преовладуваат над Вашите интереси, права и слободи, или за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања.
Може да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци во секое време, како што е опишано во точката 6 од оваа политика.
6.3 Надлежен надзорен орган за заштита на личните податоци
Агенцијата за заштита на личните податоци е надлежен надзорен орган за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
Телефон: 389 2 323 0635
Е-маил: info@privacy.mk
Доколку сметате дека сме ги прекршиле одредбите од ЗЗЛП, имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, согласно член 97 од ЗЗЛП.
7. Офицер за заштита на личните податоци
Име и презиме: Маријана Марушиќ Кос
Адреса: ул. „Перо Наков“ бр. 122А Скопје
Е-маил: svzlp@sportvision.mk или marijana@marusic-kos.mk
Телефон: 02/3060079
Спорт Висион е иницијатор на програмата „Sport&Bonus” (во натамошниот текст: програма) и издавач на „Sport&Bonus” картички (во натамошниот текст: картичка) наменети за остварување бонуси и привилегии од страна на сите регистрирани корисници на програмата.
Програмата се реализира и важи во следниве концепти на Спорт Висион:
Спорт Висион е овластен исклучиво врз основа на своја одлука да додаде нов концепт или да отстрани некој од постоечките од програмата.
Концептите на Спорт Висион се воедно и партнери на Sport&Bonus програмата, односно во продавниците Партнери (Sport Vision, Buzz, Sport Reality, Nike Shop и Sport Vision Outlet) се остваруваат погодностите од sport&bonus програмата. Партнерите на програмата може да се менуваат со тек на времето. Попис на актуелните партнери на програмата секогаш може да се најде на веб страната www.sportandbonus.com.
Партнери на програмата можат да бидат и други субјекти кои со Спорт Висион ќе потпишат договор за заедничка промоција на sport&bonus програмата. Во тој случај може да бидат воведени и трети лица кои ќе ја вршат функцијата на собирање и обработка на податоците во име на Спорт Висион како извршители на програмата со кои Спорт Висион пред почетокот на соработката ќе потпише соодветни договори и ќе ги превземе сите мерки за заштита на личните податоци.
Корисник на програмата може да биде секое лице постаро од 18 години со живеалиште во Република Македонија, кое ќе го пополни формуларот за пријавување во едно од продажните места кои се вклучени во програмата. Со пополнување и потпис на формуларот за пријавување, лицето потврдува дека е согласно со правилата на програмата.
Сите задолжителни податоци на формуларот мора да бидат пополнети од лицето кое се пријавува и тоа одговара за вистинитоста и точноста на наведени податоци во формуларот поврзани со употреба на картичката.
Спорт Висион го задржува правото со претходна најава да ја повлече картичката од употреба во следниве случаи:
За секоја измена дополнување и укинување на правилата од програмата како и промена на партнерите на програмата, Спорт Висион дооел Скопје ќе го извести корисникот на картичката на соодветен начин преку е-маил или смс-порака. Актуелните правила за програмата и списокот на партнерите на програмата се достапни на интернет адресата www.sportandbonus.com. Ако корисникот на програмата ја употребува картичката по објавените промени, значи дека со истите е согласен.
Начин на користење на картичката:
За да добие поени или за да искористи некоја од поволностите од програмата, корисникот на програмата е должен пред плаќањето да ја покаже картичката на персоналот на Спорт Висион дооел Скопје или партнерите на програмата кај кој се извршува трансакцијата.
Дополнително впишување на поени не е возможно.
По секое купување во продавниците на партнерите на програмата, корисникот добива 1 поен на секои потрошени 100 денари.
Податоците за корисниците на програмата ќе се чуваат до отповикување на картичката од страната на корисникот или до прекинување на програмата. Основната картичка не може да се пренесе на друго лице и може да ја користи единствено регистрираниот корисник на програмата кој го потпишал формуларот за пријавување.
Вашите поени можете веднаш да ги конвертирате во поврат на средства при вашето следно купување.
Cashback-от зависи од тоа колку купувате на годишно ниво:
Поените на картичката се собираат при секое купување. Поените се акумулираат во текот на една година, а cashback-от можете да го искористите во рок од шест месеци – по што истекува.
Бенефитите на програмата Sport&Bonus не може да се комбинираат со други бенефити кои важат во продажните места на Спорт Висион и партнерите на програмата.
Во случај на укинување на програмата сите бодови кои се собрани до тој момент ќе може да се искористат во рок од 30 дена од објавата за укинување на програмата.
Поените на картичката не може да се заменат за готовина.
Корисниците на програмата може да ги имаат и следните погодности кога е назначено во продажните места:
Во случај на губење или кражба на картичката, корисникот на програмата е обврзан да ја блокира картичката преку својот онлјан личен кориснички налог или случајот да го пријави на телефонскиот број за грижа на корисници во рок од 24 часа од моментот на отуѓување на картичката, по што картичката ќе биде блокирана за да се спречи нејзина злоупотреба.
Доколку корисникот на програмата има собрано поени на отуѓената картичка, Спорт Висион собраните поени од отуѓената картичка ќе ги пренесе на новата картичка на барање на корисникот на програмата.
Корисникот на програмата има право преку својот електронски кориснички налог да ги измени податоците кои претходно ги доставил до Спорт Висион или да го откаже членството во програмата. Корисникот на програмата исто така има право преку повикување на телефонскиот број за грижа на корисници да се откаже од користење на картичката со враќање на картичката до контролорот. Важноста на картичката престанува во моментот кога Спорт Висион дооел Скопје ќе добие известување за откажување и враќање на картичката и истиот е должен да ги избрише податоците за корисникот од базата на податоци. Доколку корисникот на програмата од технички причини не може да го реализира својот бенефит, може да се обрати на телефонскиот број за грижа на корисници на (02) 3055 222. Секое неовластено копирање, умножување или злоупотреба на картичката ќе биде санкционирано во согласност со законските прописи.
(02 3055 222)

